
Времето денеска ќе биде променливо облачно, но со чести сончеви периоди во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.
Услови за попладневно невреме
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Според метеоролошките најави, вистинската промена се очекува во вториот дел од денот. Попладне ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.
„Наместа постојат реални услови за краткотрајно невреме проследено со силен ветер и појава на град, па се препорачува претпазливост.“
Што се однесува до температурите, утринската се движи во интервалот од 11 до 20 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови.
Времето во Скопје
Во главниот град се очекува слично време – претежно сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската температура во Скопје изнесува 17 степени, додека дневната ќе се искачи до пријатни 33 степени.


