во ,

Променливо облачно, дожд претпладне, снег на планините, до 14 степени

Денес небото ќе менува расположение, а температурите ќе останат умерени, со максимум до 14 степени.

Променливо облачно време ќе преовладува низ Македонија. Претпладне се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на планините во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 3 до 7 степени, а максималните од 8 до 14 степени.

Супер Попуст -25%

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи од дожд претпладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Под влијание на серија влажни воздушни бранови, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух во понеделник, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен, а во среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Македонски инженер и трговец го освоија Сиднеј: Браќата Радевски прават бурек за кој зборува цела Австралија

Хороскоп За 08.02: Кој Добива Шанса, Кој Мора Да Забави