
Само еден ден по роденденскиот трилер и брзањето на американскиот претседател Доналд Трамп да прогласи дефинитивен триумф, иранските државни медиуми излегоа во јавноста со сензационално откритие. Полуофицијалната новинска агенција „Мехр“ ексклузивно го објави нацрт-договорот составен од точно 14 клучни точки, кој ги дефинира радикалните услови за помирување меѓу Вашингтон и Техеран. Иако ниту Белата куќа ниту официјален Техеран сè уште не го потврдиле документот како конечен, овој потег се толкува како стратешко протекување на информации со цел да се зацврстат преговарачките позиции на Исламската Република.
Ултиматумите на Техеран: Траен прекин на огнот, слободен Ормут и сметка од 300 милијарди долари
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Објавениот документ содржи исклучително тешки и обврзувачки барања, кои директно ја задираат американската воена и економска стратегија на Блискиот Исток. Според нацрт-текстот, договорот ги предвидува следните радикални чекори:
- Траен прекин на огнот: Итно запирање на сите воени дејствија и непријателства на сите активни фронтови во регионот каде се вкрстуваат интересите на двете суперсили.
- Забрана за мешање и воено засилување: Соединетите Американски Држави се обврзуваат дека под ниту еден услов нема да се мешаат во внатрешните работи на Иран и дека нема дополнително да го зголемуваат своето воено присуство во регионот.
- Деблокада на Ормутскиот Теснец: Комплетно укинување на поморската блокада на САД и целосно повторно отворање на теснецот за меѓународен сообраќај во рок од максимум 30 дена.
- Економски бум и репатрација: Целосно укинување на американските санкции врз иранската нафта, повлекување на сите американски сили од непосредната близина на Иран, како и грандиозен план за финансиска реконструкција на Иран во вредност од најмалку 300 милијарди долари.
Од своја страна, Иран во документот ја потврдува својата претходна декларативна обврска дека нема да развива, ниту да поседува нуклеарно оружје. Сепак, агенцијата „Мехр“ децидно додава дека вистинските, конечни преговори зад затворени врати нема ниту да започнат сè додека САД не исполни три клучни прелудиумски услови: итно ослободување на најмалку половина од вкупно замрзнатите ирански финансиски средства во странство, укинување на нафтеното ембарго и прекин на поморската блокада.
Маратонски преговори под катарска палка: Иранските амандмани поминаа, следуваат 60 дена неизвесност
Иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Казем Гарибабади, јавно потврди дека катарските медијатори во Техеран одиграле клучна улога во составувањето на овој текст, издржувајќи маратонски разговори кои траеле непрекинато речиси 15 часа. „Процесот на преговори беше исклучително долг, напорен и детален. На крајот, ги презентиравме конечните амандмани на текстот од страна на Исламската Република Иран и тие беа целосно прифатени од посредниците“, изјави Гарибабади. Тој појасни дека ова е само почетна рамка и дека преговорите за финализирање на конечниот правен договор ќе се водат во текот на следните 60 дена. Главниот и апсолутен приоритет за кој Техеран нема намера да прави компромиси останува еден – комплетно и неотповикливо укинување на сите американски економски санкции. Останува да се види како администрацијата на Трамп ќе реагира на овие ирански финансиски побарувања кои тежат стотици милијарди долари.
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден








