
Регионот оди напред, Македонија во друштво со Косово и Србија
Во своето најново соопштение, од СДСМ нагласуваат дека додека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го поздравува напредокот на соседните држави, Северна Македонија назадува. Партијата посочува дека Црна Гора веќе има 21 затворено поглавје од вкупно 33 и континуирано цели кон членство во 2028 година, додека Албанија успешно затворила уште едно поглавје.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
„Бевме во иста група. Денес сме со Косово и Србија. Како Вучиќ што ја изолира Србија, така и Мицкоски, следејќи го примерот на својот ментор, ја изолира Македонија“, се наведува во реакцијата на опозициската партија, каде процесот на изолација се припишува на „руски интереси“.
Страв од европската правда и Лаура Ковеши
Според СДСМ, клучната причина за стопираните реформи и оддалечувањето од Европската Унија е стравот на владејачкото мнозинство од соочување со Европското јавно обвинителство, предводено од Лаура Ковеши. Од партијата обвинуваат дека интеграцијата во ЕУ бара воспоставување независни институции и владеење на правото, што според нив, не ѝ одговара на актуелната власт.
Партијата ги критикува и политичките субјекти како ЗНАМ и Левица, нарекувајќи ги „сателити на далечинско“ чија цел е дефокусирање на јавноста од реалните проблеми и отсуството на реформи во правосудството.
„Кандидатите мораат да соработуваат со европското обвинителство пред членството. Не после. Пред. Тогаш нема телефонски повици од кабинетот. Нема телевизиски настапи на кои се поставува и се сменува обвинител. Некој мора да одговара за пљачка на државата, за европски фондови, за тендери“, порачуваат од СДСМ.


