во ,

Сиљановска Давкова го пречекува Бегај во Скопје

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе го пречека претседателот на Албанија Бајрам Бегај

По свечениот пречек е предвидена тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји. Посетата ќе биде заокружена со заедничка прес-конференција.

Венец на гробот на Гоце Делчев

Супер Попуст -25%

Во рамки на официјалната агенда, Бегај ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, што претставува дел од протоколот за оддавање почит.

Средби и во Собранието

Албанскиот претседател ќе оствари средба и со претседателот на Собранието Африм Гаши, ќе се потпише во книгата на впечатоци и ќе им се обрати на пратениците, продолжувајќи ја официјалната дипломатска програма.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пакистан без компромис за одбраната на државата

Заврши затвореното сведочење на Хилари Клинтон