
Сончево и топло низ целата држава
Според најавите од синоптичарите, времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Минималните утрински температури ќе се движат во интервалот од 8 до 16 степени, додека максималните дневни вредности ќе достигнат од 25 до 32 степена. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
-
La Linea v3
699 ден
524.25 ден
Слични временски прилики се очекуваат и во главниот град. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се спушти до 13 степени во утринските часови, а преку денот ќе се искачи до пријатни 31 степен.
Промена на времето од недела
Ваквото стабилно и топло време ќе се задржи сè до сабота, по што следува значителна промена на метеоролошките услови. Во недела се најавуваат повремени врнежи од дожд, а на одредени места ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Локално пообилни врнежи се очекуваат во текот на понеделник, додека веќе од вторник, поради продор на постуден воздух од север, ќе настапи чувствително опаѓање на дневните температури карактеристично за претстојниот есенски период.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден








