во ,

Срамна казнената политика: Како Апелациониот суд ја процени суровоста врз кучето Феликс на 1.800 евра?

Срамна судска завршница која ја згрози Македонија: Апелација ја поништи историската затворска казна за убиството на кучето Феликс и ја претвори во парична глоба!

Правдата за животните во Македонија доживеа тотален и срамен колапс во судските лавиринти. Скопска Апелација донела скандалозна одлука со која ја преиначила првата историска затворска казна за мачење и убивање куче во обична парична глоба. Обвинетиот Љубе Крстевски, кој во јули минатата година доби три месеци ефективен затвор од Кривичниот суд, сега ќе се спаси од решетки. Второстепениот суд целосно ја прифатил неговата жалба и му одредил смешна казна од 90 дневни глоби по 20 евра. Целиот монструозен чин и згаснувањето на еден невин живот судот го вреднуваше со вкупно 1.800 евра. Судската пресуда предизвика лавина од бес и револт кај активистите и граѓаните.

Крвничко тепање со стап до безсознание: Детали од хоророт кои судот ги прости

Супер Попуст -25%

Официјалниот обвинителен акт ги содржи најмрачните и најсуровите детали за пеколот низ кој поминало кучето Феликс на 19 ноември 2024 година. Крстевски, без никаква оправдана причина, земал тврд предмет налик на стап и крвнички го удрил кучето повеќе пати директно во главата. Од силината на ударците, на кучето му биле нанесени тешки хематоми и силен потрес на мозокот. Наместо да застане тука, монструозноста на напаѓачите продолжила со уште поголем интензитет. Гледајќи го животното како се бори за живот во локва крв, тие решиле целосно да го фрлат како обично ѓубре. Ужасното насилство врз немоќното суштество помина без соодветна казна зад решетки.

Го врзале со жица и полуживо го фрлиле во контејнер: Кој е соучесникот во грозоморниот чин?

Во овој крвав пир, Крстевски не бил сам тука ја имал поддршката од својот соучесник Бранко Билбиловски. Двајцата обвинети, верувајќи дека Феликс е веќе мртов, го врзале неговото тело со метална жица и брутално го влечеле по асфалтот. Животното во агонија било довлечено до најблискиот контејнер, каде што бездушно го фрлиле внатре. Билбиловски уште во првостепената постапка се спаси со парична казна, а сега Апелација одлучи на ист начин да го амнестира и главниот егзекутор. Одлуката на судот била донесена во тајност уште во февруари, а јавноста дури сега ја дознава вистината за институционалната заштита на насилниците.

Правен преседан кој им дава зелено светло на монструмите во државата

Преиначувањето на оваа пресуда е директен удар врз сите напори на здруженијата за заштита на животните кои со години се бореа за затворски казни. Со оваа одлука, Апелациониот суд испрати опасна порака дека секој монструм во Македонија може да мачи и убива животни доколку има да плати минимална сума пари. Законот кој предвидува затвор за изживување врз животни практично стана мртво слово на хартија поради судиите кои покажуваат милост кон насилниците. Граѓаните на социјалните мрежи веќе бараат итна одговорност и јавно објавување на имињата на судиите кои го потпишаа овој срам. Судскиот пазар со правдата уште еднаш ја доведе Македонија во морален банкрот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Моќен аларм од социјалните мрежи: Орце Ѓорѓиевски најави итна чистка на скопскиот хаос!

Метео аларм: Топол и сончев ден во Македонија, но попладне доаѓаат поројни дождови и грмежи