
Скопската Зоолошка градина денеска со голема тага објави дека лавот Жика, кој беше омилен меѓу посетителите, почина на 16-годишна возраст. Жика, кој пристигна од белградската зоолошка градина, ја надмина просечната животна возраст за лавовите, кои во природа живеат од 10 до 14 години.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Изминатата година, Жика разви тумороидни израстоци на телото, по што беше подложен на хируршка интервенција од страна на тим ветеринари и професори од Факултетот за ветеринарна медицина. И покрај успешните операции, неговата состојба се влоши во последните два дена, а лавот примаше терапија. За жал, тимот не успеа да го спаси.
Жика, со својата грациозност и величенствена грива, беше вистинска ѕвезда на ЗОО Скопје, обожаван од децата, возрасните и вработените. Неговата смрт претставува голема загуба за сите.


