
Доналд Трамп објави дека иранскиот врховен лидер Али Хамнеи е мртов, повикувајќи се на извештаи по американско-израелските воздушни напади
Американскиот претседател преку социјалните мрежи напиша дека Хамнеи бил убиен во координирани напади и ја нарече настанатата ситуација „правда“. Тој посочи дека операцијата била изведена во тесна соработка со Израел.
Нема официјална потврда
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
До вечерта на 28 февруари, од Техеран немаше официјална потврда за смртта на 86-годишниот лидер. Иранските власти претходно соопштија дека врховниот лидер е жив, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека постојат „знаци“ оти тој повеќе не е жив.
Неизвесност и последици
Доколку информациите се покажат како точни, тоа би претставувало драматичен пресврт во иранската политичка структура, со оглед на тоа што Хамнеи од 1989 година има клучна улога во сите стратешки одлуки на државата. Засега, ситуацијата останува неизвесна, со спротивставени тврдења и без независна верификација.


