во ,

Трамп тргна во освојување: „Гренланд ќе биде наш – со договор или со сила!“

ТРАМП СО УЛТИМАТУМ ДО ДАНСКА: „Ќе го земеме Гренланд – на лесен или на тежок начин!“

По Венецуела, на ред е Европа. Американскиот претседател Доналд Трамп ја шокираше меѓународната јавност со директна закана кон сојузникот од НАТО, Данска. Тој порача дека САД ќе ја преземат контролата врз Гренланд, без разлика дали локалното население и Копенхаген се согласуваат со тоа.

„Ако не го земеме ние, ќе го земат Кина или Русија“

Супер Попуст -25%

Трамп го искористи истиот аргумент како и за нафтата во Венецуела – „заштита од ривалите“.

„Ќе преземеме нешто во врска со Гренланд, им се допаѓало тоа ним или не. Ако ние не го направиме тоа, Русија или Кина ќе го преземат, а ние не сакаме да ни бидат соседи“, изјави Трамп.

Закана со сила: „На потежок начин“

Најзагрижувачкиот дел од изјавата е отворената закана за употреба на сила.

„Би сакал ова да го решиме со договор, на полесен начин. Но, ако тоа не го направиме на полесен начин, ќе го направиме на потежок начин“, се закани американскиот претседател.

Крај на НАТО?

Ова доаѓа и покрај драматичното предупредување на данската премиерка Мете Фредериксен, која изјави дека американски напад врз Гренланд би значел крај на НАТО.

Сепак, Трамп не попушта, охрабрен од неодамнешната акција во Венецуела и апсењето на Мадуро. Жителите на Гренланд се во страв – дури 85% од нив категорично одбиваат да бидат дел од САД.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крвава сабота во 16 градови: Над 50 мртви во Иран, власта се заканува со смртни казни

Денвер без Јокиќ е лесен плен: Атланта ги прегази „Златните грутки“ во сред Колорадо