
„Порано или подоцна ќе бидете асимилирани“
Во својата објава, Трифонов ги нарекува граѓаните на државата „Северномакедонци“ и ги обвинува за наводно крадење на бугарската историја. Повикувајќи се на 1.300-годишната историја на Бугарија, тој упати директни негирачки пораки кон македонскиот идентитет, тврдејќи дека Македонците отсекогаш биле и ќе останат Бугари.
„И без оглед колку тоа не ви се допаѓа, што и да зборувате, што и да измислувате, колку и да сеете омраза и непријателство, и како и да се нарекувате себеси – вие сте Бугари. Отсекогаш сте биле и секогаш ќе бидете. А особено вие во Македонија, вие што го слушате или читате ова во моментов, порано или подоцна, ќе попуштите и ќе бидете асимилирани“, напиша Трифонов на социјалните мрежи.
Заштита за бегалката Ива Михајлова
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Во скандалозниот настап, некогашниот ТВ водител и актуелен политичар се осврна и на случајот со бегалката Ива Михајлова, по која македонското МВР неодамна распиша меѓународна потерница за сообраќајна несреќа со смртни последици. Тој го искористи нејзиното бегство за дополнително да го поттикне бугарскиот национализам.
Според Трифонов, бугарската држава и нејзините функционери никогаш нема да ја предадат Михајлова на македонските власти. „Ние, Бугарите, не предаваме! Без оглед колку ја критикувам државата во моментов, не верувам дека постои и еден владин функционер способен да ја предаде Ива Михајлова! Зашто, драги Северни Македонци, ние, Бугарите, пред сè сме Бугари, а сè друго е на второ место“, заклучува тој во својата провокација.



