
Заглавена врвка или коса го предизвикала падот
Несреќата се случила денеска околу 14:30 часот, кога група осумгодишни и деветгодишни деца (пет момчиња и пет девојчиња) се движеле кон кино-салите. Според првичните и неофицијални информации кои ги пренесуваат српските медиуми, инцидентот настанал откако врвка од обувка или долга коса на едно од девојчињата се заглавила во механизмот на подвижните скали, по што настанала верижна реакција и децата почнале да паѓаат едно преку друго.
Очевидците за српскиот весник „Блиц“ опишуваат исклучително вознемирувачки сцени полни со паника, детски плач и вресоци. Случајните минувачи и вработените во трговскиот центар биле првите кои притрчале на помош, обидувајќи се да ги извлечат и смират исплашените деца додека крв имало и на скалите и на подот.
Дел од децата пред хируршки интервенции
Реакцијата на брзата помош била итна – на местото на несреќата веднаш пристигнале дури пет медицински екипи кои почнале со пружање прва помош и преврзување на раните. Сите десет повредени деца веднаш се транспортирани во Ургентниот центар во Белград за понатамошна медицинска нега.
Првичните медицински проценки укажуваат дека ситуацијата е сериозна. Седум од децата се здобиле со потешки повреди, вклучувајќи повреди на нозете и главата, а за три од нив најверојатно ќе биде неопходна хируршка интервенција.
„Видов голем број луѓе собрани околу подвижните скали, а потоа забележав многу повредени деца. Сцената беше ужасна. Децата плачеа, лекарите од Итната помош им ги преврзуваа раните, а крв имаше и на скалите и на подот“, сведочи еден од очевидците за страшната несреќа.
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден







