во ,

Умеров од Берлин: Постигнат е реален напредок во мировните преговори со САД

Главниот преговарач на Украина, Рустем Умеров, денеска изјави дека претставниците на САД и Украина постигнале реален напредок за време на втората рунда мировни преговори во Берлин за прекин на војната со Русија.

Тој преку платформата „Икс“ ги оцени дводневните разговори како „конструктивни и продуктивни“, истакнувајќи ја улогата на американскиот тим предводен од Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Супер Попуст -25%

Умеров, кој е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, нагласи дека американските претставници работат исклучително конструктивно за да ѝ помогнат на Украина да најде пат кон траен мировен договор. Оптимизмот го сподели и специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, кој по вчерашниот петчасовен маратонски разговор со претседателот Зеленски, исто така потврди дека е направен „голем напредок“.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Таткото и синот од масакрот во Бонди лажеле дека одат на риболов: „Мамо, само што нуркавме“

Ужас во скопско: Се испотепаа во штала, тројца итно пренесени на Клиника