во ,

ФЗО од „црна дупка“ до лидер: Како Фондот стигна од 45-то до 1-во место за една година?

Од 45-то место директно на врвот: ФЗО стана шампион по транспарентност, па веднаш „удри“ по неправилностите во болниците

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) направи неверојатен пресврт во своето работење, искачувајќи се на самиот врв на листата за транспарентност на државните институции за 2025 година. Според најновиот Извештај на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите, ФЗО е рангиран на првото место со максимални 51 бод, позиција која ја дели со Државниот завод за ревизија.

Супер Попуст -25%

Овој успех е уште позначаен ако се знае дека само една година претходно, во 2024 година, Фондот се наоѓаше на незавидното 45-то место со само 24,5 бода. Овој драстичен скок е резултат на целосната промена во политиката на отвореност и отчетност кон јавноста.

Хаос со дежурства и наплата: Што открија контролорите?

Додека ја слави транспарентноста, ФЗО спроведе и остра контрола врз трошењето на парите во здравството. Чешлани се 26 јавни здравствени установи и 37 служби за Итна медицинска помош. Резултатите се загрижувачки:

  • Во болниците се откриени малверзации со пресметката на плати – неправилно се пресметувале дежурства, се комбинирале додатоци за сменска работа со дежурства и се исплаќале бонуси спротивно на прописите.
  • Во Итната помош, кај 14 установи се најдени сериозни пропусти: наплата на услуги кои треба да бидат бесплатни, користење на стари ценовници и фалсификување на фактури.

ФЗО им даде ултиматум на сите фатени во прекршок – имаат рок од два месеци целосно да ги отстранат неправилностите или ќе се соочат со санкции.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Филипче до Мицкоски: Ако немаш таен договор со Британија, гласај ЗА забрана на мигранти!

Мицкоски распали по СДСМ: „Вие сте очајни и свесно ширите паника меѓу народот!“