
Потсетувајќи се на настаните од 2001 година, Филипче нагласи дека со Рамковниот договор бил ставен крај на вооружениот конфликт. Со неговото потпишување, трајно беа потврдени територијалниот интегритет на државата и нејзиниот сигурен демократски пат.
Македонија како заеднички дом
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Претседателот на СДСМ посочи дека различностите треба да се негуваат како најголема сила на општеството, а не да се злоупотребуваат како алатка за политички поделби и ширење омраза меѓу народот.
„Најголемата сила на нашата држава е во тоа што е заеднички дом на Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други наши граѓани. Различностите се дел од нашето општество и наша обврска е да ги негуваме како вистинска вредност.“
Дијалогот е посилен од конфликтот
Филипче е дециден дека четврт век по потпишувањето на договорот, неговите основни вредности мора да останат главна водилка за иднината. Тој потенцираше дека Охридскиот договор е вечен потсетник дека мирот, дијалогот и компромисот секогаш победуваат над поделбите и конфликтите.
Според него, сите граѓани и политички чинители имаат заедничка должност да ја градат иднината на Македонија исклучиво низ призмата на соживот, меѓусебно почитување и еднаквост, оставајќи ги засекогаш зад себе навредите и деструктивната политика.


