
Црниот биланс во Хонг Конг порасна на 83 жртви, а над 250 лица сè уште се водат како исчезнати во најтешкиот пожар во последните децении.
Катастрофата во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ остави зад себе пустош, со 76 повредени, меѓу кои и 11 пожарникари. Додека спасувачите се борат со густиот чад на повисоките катови, полицијата веќе ги откри првичните причини за брзото ширење на огнот: неисправни бамбусови скелиња и запаливи материјали (пластични фолии и пена) користени при реновирањето.
Уапсени директори на градежната фирма
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Тројца раководни лица од фирмата „Престиж констракшн енд инжинеринг“ се уапсени под сомнение за „тешка небрежност“. Комплексот, дом на 4.800 луѓе, бил среде реновирање вредно 330 милиони хонгконшки долари. Трагедијата морничаво потсетува на пожарот во „Гренфел Тауер“ во Лондон, поради употребата на небезбедни материјали и пропустите во надзорот.


