во ,

ХРВАТ ОД ДУБАИ: „Во засолниште сме, сирените нè разбудија“

Хрватски државјанин сведочи дека по активирањето на сирените бил евакуиран во засолниште во Дубаи

Тони Дабиновиќ изјавил дека во текот на ноќта тој и другите гости во хотелот биле преместени на безбедна локација откако се огласиле сирените за тревога. Според неговите зборови, сите добиле и предупредување на мобилните телефони со насока веднаш да се засолнат.

„Не знам што ќе биде понатаму“

Супер Попуст -25%

„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во зграда помеѓу хотелите“, изјавил тој, додавајќи дека во моментот било околу 1:30 часот по полноќ. Според сведоштвото, ситуацијата била неизвесна и исполнета со загриженост.

Локалните власти засега не објавиле дополнителни детали, а се очекуваат официјални информации за безбедносната состојба во градот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

УЛИЧНИ СЦЕНИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Реакции по објавите за врховниот лидер

ТРАГЕДИЈА ВО МИНАБ: Иран тврди дека 85 ученички загинале