во , ,

Чудо на природата: Забележан шаран со човечко лице

Прилично необична риба била забележана во едно езеро во Кина. Поради необичниот облик на главата на шаранот, се стекнува впечаток дека рибата има човечко лице.

Еден посетител во селото во околината на градот Кунминг на југот на Кина, каде била забележана рибата, го снимил шаранот со човечко лице. Видео снимката е споделена и на кинеската социјална мрежа Weibo.

На снимката, која предизвикала многу коментари, се гледа како рибата плива до работ на езерото и со главата излегува до површината на водата.

Уште еден шаран, чија глава потсетува на човечко лице бил пријавен во 2010-та година. Тогаш Британецот Бренан О’Саливен тврдел дека купил нормален шаран, кој потоа почнал да развива црти на лицето како кај човек, пишува Mirror.

“Беше многу чудно. Лесно можев да ги видам очите, носот и устата. Прво мислев дека добив сончаница и дека ми се причинува”, рекол Бренан, чиј чуден шаран тогаш, во парична вредност, бил проценет на 40.000 фунти.

Не е познато дали, и по која цена ја продал рибата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

“Sweet Candy Challenge” предизвик со Марко и Лара

Легендарниот Стив Мекари преку фотографии го прикажува сложениот однос помеѓу луѓето и животните