во ,

Америка го сака Гренланд: Скандалозна мапа со американско знаме ја разбесни Данска

САД „фрлија око“ и на Гренланд: Трамп тврди дека им треба, Данска остро врати – „Не сме на продажба!“

Дипломатски скандал помеѓу сојузниците во НАТО! Данската премиерка Мете Фредериксен испрати остра порака до Вашингтон да престане со заканите, откако сопругата на шефот на кабинетот на Трамп објави мапа на Гренланд покриена со американско знаме и натпис „Наскоро“.

Трамп: „Опкружени сме со руски и кинески бродови“

Супер Попуст -25%

Американскиот претседател во интервју за „Атлантик“ денес потврди дека на САД „навистина им е потребен Гренланд“ заради национална безбедност, посочувајќи на присуството на Русија и Кина во Арктикот. На ова, Фредериксен потсети дека Гренланд е покриен со НАТО гаранциите и веќе има договор за одбрана со САД.

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредрик Нилсен, ја нарече американската објава „непочитување“, но повика на смиреност, додека Шведска веднаш застана во одбрана на својот сосед: „Само Данска и Гренланд одлучуваат за својата судбина“.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп ги откри картите: „Ние сме во нафтениот бизнис“ – американските компании го преземаат венецуелското црно злато

Трамп призна грешка: „Путин ми кажа дека му ја нападнале куќата, сега знам дека не е вистина“