во ,

Ангелов предупредува: Ексклузивните вили на Водно може да „летнат“ во провалија

Аларм за елитата на Водно: Ексклузивните објекти се лизгаат, опасноста по живот е реална

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, упати драматично предупредување до јавноста и жителите на падините на Водно. Според него, т.н. „ексклузивни“ објекти изградени на овој терен се наоѓаат под директен ризик од свлечишта и нестабилно земјиште. Ситуацијата е веќе критична – на одредени места теренот е видливо нарушен, земјиштето активно се лизга, а веќе се регистрирани и уривања на неколку потпорни ѕидови.

„Лажна сигурност“ кај жителите: Институциите на нозе

Супер Попуст -25%

Ангелов потенцираше дека најголемиот проблем е „лажната сигурност“ кај жителите кои се навикнати на тој предел и не ја перципираат опасноста сериозно. „Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, дециден е првиот човек на ЦУК. Во моментов се одржуваат координативни средби со врвни експерти за да се направи итна процена на стабилноста и да се воведе засилен мониторинг на критичните зони, пред природата да предизвика непоправлива штета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Муцунски од Абу Даби: Отворени врати за инвестиции во енергетиката и туризмот

Крај на фрлањето енергија: Како подземните дата-центри станаа извор на топлина за градовите?