
Аларм за елитата на Водно: Ексклузивните објекти се лизгаат, опасноста по живот е реална
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, упати драматично предупредување до јавноста и жителите на падините на Водно. Според него, т.н. „ексклузивни“ објекти изградени на овој терен се наоѓаат под директен ризик од свлечишта и нестабилно земјиште. Ситуацијата е веќе критична – на одредени места теренот е видливо нарушен, земјиштето активно се лизга, а веќе се регистрирани и уривања на неколку потпорни ѕидови.
„Лажна сигурност“ кај жителите: Институциите на нозе
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Ангелов потенцираше дека најголемиот проблем е „лажната сигурност“ кај жителите кои се навикнати на тој предел и не ја перципираат опасноста сериозно. „Ризикот мора да се сфати сериозно – можно е да настрада човек ако не се реагира навреме“, дециден е првиот човек на ЦУК. Во моментов се одржуваат координативни средби со врвни експерти за да се направи итна процена на стабилноста и да се воведе засилен мониторинг на критичните зони, пред природата да предизвика непоправлива штета.


