во

Брзо, лесно и превкусно: Сочен појадок со јајца и ајвар готов за само 15 минути

Мирисот на стоплен ајвар, јајца и бело сирење кое полека омекнува во тавата се сосема доволни за и најобичното утро да започне со одличен и богат појадок.

Едноставни состојки и брза подготовка

Од само неколку состојки кои најчесто веќе ги имаме во фрижидерот, настанува топол, сочен оброк со кој лебот се кине со раце, а со последниот залак се собира сè што останало на дното. Јајцата на ајвар со сирење се подготвуваат во една тава, без многу работа и валкани садови. Ајварот дава богат вкус на печена пиперка, сирењето соленост и кремаста текстура, додека времето на печење на јајцата може да го прилагодите на сопствениот вкус.

Супер Попуст -25%

За две лица доволни се 4 јајца, 4-5 полни лажици ајвар, 100-150 грама бело сирење, 1 лажица масло или путер, 2-3 лажици вода и малку бибер. Со солта бидете умерени бидејќи ајварот и сирењето се веќе солени. Со свеж леб, овој појадок е готов за околу 15 минути.

 

Начин на подготовка и тајната на сочниот вкус

Во помала тава загрејте го маслото или растопете го путерот на средна температура. Додадете го ајварот и кратко загревајте го, со постојано мешање околу една до две минути. Ако е премногу густ, додадете две-три лажици вода за да добиете посочна подлога и да спречите лепење за дното. Ајварот рамномерно распоредете го, па со лажица направете четири вдлабнатини. Во секоја внимателно скршете по едно јајце. Помеѓу јајцата распоредете крупно издробено бело сирење и додадете малку бибер.

Намалете ја температурата, поклопете ја тавата и оставете јајцата полека да се печат околу пет до седум минути, односно додека белките не се стегнат. Доколку сакате целосно цврсти жолчки, продолжете го печењето уште некоја минута.

„Најважно е ајварот за време на подготовката да остане сочен. Држете ја тавата на тивок оган и не чекајте целата течност да испари, бидејќи токму таа подлога е најдобриот дел за макање. За побогат вкус, пред крајот на печењето помеѓу јајцата може да додадете и една лажица кајмак.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 НОЕМВРИ: На Девицата ѝ годи вниманието од драгата личност, Водолијата размислува за иднината со партнерот

Овесот не е само за појадок: Пет причини зошто оваа житарка е вистинска ризница на здравјето