
Техничко усогласување, а не укинување на придонесот
Во писмена изјава до јавноста, Велковски појаснува дека со предложените измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување не се укинува ниту вториот пензиски столб, ниту пак придонесот што се уплаќа во него. Тој посочува дека станува збор исклучиво за законско и техничко усогласување на регулативата.
Според министерот, со членот 17 од предлог-законот објавен на ЕНЕР навистина се предлага бришење на членот 120 од постојниот закон кој ја регулира стапката на придонесот за вториот пензиски столб, но тоа не значи негово укинување.
Одредбата се пренесува во Законот за задолжителни социјални придонеси
Како што објаснува Велковски, нормативното уредување на ова прашање всушност се пренесува во Законот за задолжителни социјални придонеси, каде што системски ќе бидат регулирани сите прашања поврзани со задолжителните социјални придонеси. Тој уверува дека вториот пензиски столб продолжува да постои, а уплатата на придонесот и натаму ќе биде уредена со закон.
„Значи, вториот пензиски столб продолжува да постои, а придонесот продолжува да се уредува со закон. Станува збор за пренесување на законската одредба во друг закон, а не за укинување на пензискиот столб“, порача министерот Ѓоко Велковски.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден






