во

„ВЕТО“ и „Не бев на ливчето“: Првите реакции на Трамп по изборниот дебакл на републиканците

Американскиот претседател Доналд Трамп експресно се огласи по тешкиот изборен пораз на републиканците на меѓуизборите, на кои демократите успеаја да освојат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот.

„Не бев на ливчето“ и најава за претседателско вето

Додека пристигнуваа конечните резултати за поразите на републиканските кандидати низ САД, Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ порача дека исходот ќе бил сосема поинаков доколку и неговото име се наоѓало на гласачкото ливче. „Не бев на гласачкото ливче, а да бев, убедливо ќе победевме! Ви благодарам за вниманието што го посветивте на ова прашање“, напиша тој. Ова следува откако за време на кампањата тој повеќепати ги повикуваше своите поддржувачи да се преправаат дека и тој е кандидат на изборите.

Супер Попуст -25%

Во друга објава, претседателот најави дека детално ќе ги анализира причините за неуспехот, истакнувајќи: „Ќе станам политички коментатор, и добар и лош, за причините зошто овие кандидати победија и загубија!“. За да ја демонстрира својата стратегија за следните две години, тој објави фотографија од препознатливата црвена капа, овој пат со јасен натпис „ВЕТО“.

Што значи демократската контрола на Конгресот?

Овој изборен пораз значи дека Трамп во преостанатите две години од својот мандат ќе мора да се соочи со Конгрес кој е под целосна контрола на демократите. Новиот распоред на силите им овозможува на политичките ривали да ги преземат клучните конгресни комисии, да отвораат опсежни истраги за работата на администрацијата и ефикасно да го блокираат законодавниот план на Белата куќа. Меѓу главните причини за огромното незадоволство на гласачите, аналитичарите ги наведуваат растот на трошоците за живот, нарушувањето на демократските стандарди и непопуларната војна со Иран.

„Со губењето на мнозинството во двата дома, на Трамп му остануваат извршните наредби и претседателското вето како главни, и речиси единствени, инструменти за спроведување на неговата политика. Ова неминовно најавува тешка и исцрпувачка политичка пресметка меѓу Белата куќа и Конгресот во следните две години.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овесот не е само за појадок: Пет причини зошто оваа житарка е вистинска ризница на здравјето

„Дали Мијалков му го враќа долгот на Груби?“: ВЛЕН бара одговори за скандалозното ослободување од притвор