
Заплеткани во сопствените потези и лаги
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека претставниците на СДСМ биле најгласни на темата за Алта банка сè до моментот кога во јавноста на виделина излегла вистината – дека токму претходната власт во 2023 година му ги продала првите државни акции на инвеститорот Давор Мацура. Владејачката партија отворено прашува зошто Филипче и СДСМ тогаш не одржале прес-конференција за да ги известат граѓаните за продажбата на нивните акции на, како што сега самите го нарекуваат, криминалец со сомнително стекнат капитал.
Тајни бизнис мотиви зад лажниот патриотизам
Според владејачката партија, Филипче и СДСМ намерно молчат и не го закажуваат продолжението на надзорната расправа бидејќи се плашат дека пред лицето на јавноста може да излезат дополнителни компромитирачки информации. Тие сметаат дека зад долгомесечната кампања на опозицијата против банката, која ја маскирале како борба против таканаречениот „српски свет“, всушност се крие обична политичка хајка водена од лукративни бизнис мотиви на лица блиски до кланот Заеви.
ВМРО-ДПМНЕ смирува дека државата ќе најде соодветно и безбедно решение за Алта банка, потсетувајќи дека токму во времето кога СДСМ ја имаше власта, банките во државата пропаѓаа и се затвораа, додека нивните блиски соработници енормно се богатеа.
„Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против Алта банка. Архитекти и главни произведувачи на српскиот свет во Македонија се Венко Филипче и СДС“, се наведува во партиското соопштение.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден







