
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова закажа вонредна седница на Советот за безбедност по најновите случувања во регионот
Седницата ќе се одржи на 1 март 2026 година со почеток во 18:00 часот во Вила Водно. Од Кабинетот на претседателката информираат дека одлуката е донесена по извршени консултации со надлежните институции.
Супер Попуст -25%
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава во контекст на ескалацијата на Блискиот Исток. Се очекува да бидат разгледани сите релевантни информации и да се направи проценка на потенцијалните импликации врз националната безбедност.


