во

„Граѓаните да бидат спокојни!“ – ВМРО-ДПМНЕ со жесток одговор до СДСМ за паниката околу Алта банка

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реакција кон опозициската СДСМ и Венко Филипче, обвинувајќи ги за неосновано ширење паника меѓу граѓаните за наводно пропаѓање на Алта банка. Од партијата испратија силна порака за смирување на јавноста и стабилност на банкарскиот сектор.

Кој дозволи влез на банката во Македонија?

Според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, откако на површина излегле клучните факти и документи, претставниците на СДСМ сега се кријат и бегаат од одговорност. Владејачката партија истакнува дека опозицијата со месеци ја користела Алта банка за дневно-политички поени, претставувајќи го инвеститорот Давор Мацура како спорен, за на крајот да се испостави дека токму во време на СДСМ биле направени првите чекори и дозволи за купување на акции од Македонија.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Од партијата експресно ги демантираат и тврдењата дека банката имала забрана за работа во Европската Унија. Тие појаснуваат дека станувало збор само за прекршочна казна од австрискиот регулатор, а не за целосна забрана како што интензивно се шпекулирало во јавноста.

Гаранција за граѓаните и нивните штедни влогови

Во соопштението се додава дека јавноста била непотребно плашена со црни сценарија за пропаѓање на банката и губење на тешко спечелените штедни влогови. ВМРО-ДПМНЕ уверува дека банката е целосно ликвидна и дека државата цврсто стои во заштита на парите на своите граѓани. Тие ги критикуваат социјалдемократите дека откако вистината излегла на виделина, дури и надзорната расправа во Собранието која самите ја барале, почнале да ја одложуваат бидејќи немаат аргументи.

„Помина времето на СДС и ДУИ кога банки пропаѓаа, а граѓаните беа оставени на цедило. Граѓаните да бидат спокојни ниту една банка нема да пропадне додека е Христијан Мицкоски премиер, а ВМРО-ДПМНЕ е на власт.“ — децидни се од партијата.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

35 години од денот кога Македонија испиша историја: Како се роди првиот Устав и низ какви премрежиња помина?

Драма во Италија: Македонски работник падна од скала на градилиште, итно пренесен со хеликоптер!