
Во објава која собра милиони прегледи на социјалните мрежи, забележан е момент во кој сопственичката се скрила од својот коњ и побегнала во спротивен правец од него, па ја снимала неговата реакција кога ја пронашол.
Играта на коњот и сопственичката ги расположила гледачите и предизвикала лавина од воодушевени коментари.
„Куче што се договорило со вила“
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
„Никогаш не сум видела вакво видео, образите ме болат од смеење“, гласи еден од коментарите. „Ти благодарам што му го разубавуваш животот со игра!“, напишал друг, додека трет заклучил: „Убедена сум дека тоа е всушност куче што се договорило со вила да го претвори во коњ“.
Преслатката снимка која ги освои гледачите е совршен доказ дека понекогаш, најдобрите пријатели не секогаш лаат – понекогаш тие ‘рскаат.


