во

Денеска мирен протест на плоштадот во Охрид: Граѓаните креваат глас против фемицидот и институционалното непостапување

Денеска, 21 ноември, од 12 до 14 часот на плоштадот во Охрид ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидот, родово базираното и семејното насилство, како и против институционалното непостапување.

Реакција на сеприсутното насилство врз жените

Според најавата на организаторите, денешниот собир е поттикнат од гневот и длабоката загриженост поради сеприсутното насилство врз жените во општеството. Директен повод за организирање на протестот е и последниот случај на насилство што силно ја потресе охридската јавност.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Целта на мирниот собир на градскиот плоштад е да се испрати јасна порака дека ваквите појави не смеат да се премолчуваат и дека е неопходна навремена и ефикасна реакција од надлежните институции.

Порака за будност и заедничка свест

Преку објава на социјалната мрежа Инстаграм, организаторите потсетија дека насилството не е далечен проблем, туку реалност која често се случува во нашата непосредна близина, повикувајќи на поголема општествена свест и солидарност.

„Овој случај нè потсети дека насилството не се случува само некаде таму, туку блиску до нас, можеби и меѓу луѓето што ги познаваме“, се вели во објавата споделена на Инстаграм.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спречен шверц на Ќафасан и Меџитлија: Цариниците запленија 470 парчиња козметика и суплементи вредни 149.000 денари

АМСМ: Метеж на терминалот Блаце – товарниот сообраќај пренасочен кон бензинската „Дизел“