во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 7 ОКТОМВРИ: На Биковите им е поматена паметта, Лавовите бегаат од вистината како ѓавол од крст

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Чувствувате една нова, поттикнувачка енергија и желба што побрзо да покренете некои работи кои ви се важни. Имате свои приоритети и на нив ќе се насочите. Лесно флертувате со лицата кои ќе дојдат во ваша близина и се трудите да оставите позитивен впечаток кај нив.

♉

Бик

Малку потешко функционирате. Додека од една страна на памет го имате она што ви е деловно важно и се обидувате да се насочите на тоа, од друга страна нон-стоп размислувате за една средба и личност која сте ја запознале. Не можете да спречите да ви се вовлекува во мислите.

♊

Близнаци

Имате доста лични планови и обврски кои морате да ги завршите и некако сè она поврзано со работата ќе ви биде во втор план. Додуша, помошта од страна на колегите денес е многу голема, па целата оваа ситуација нема да се одрази на вас. Сигурни сте што сакате, а што не сакате во љубовта.

♋

Рак

Целиот овој ден сте го испланирале однапред и нема да дозволите да отстапите ни чекор од тоа. Со оглед на тоа дека расположението ви е активно и поттикнувачко, не се сомневам дека со сите ситуации ќе излезете на крај. Ги шармирате и освојувате луѓето со кои денес доаѓате во контакт.

♌

Лав

Сметате дека сè уште не сте подготвени да покренете некои прашања, но имате свои планови и точно знаете што треба да правите. Проверете ги информациите кои доаѓаат до вас, можеби не сте разбрале сè на вистински начин. Обземени сте со некои свои мисли и будно го следите секој чекор на партнерот.

♍

Девица

Ја чувствувате потребната стабилност за да го остварите она што го сакате. Имате можности за еден значаен контакт со личност од чија поддршка многу очекувате. Ден за флертување и „лесни“ емотивни контакти. Страста и сексуалноста се во пораст.

♎

Вага

Некој денес ви нуди своја помош или поддршка, но не сте сигурни колку можете да се потпрете на оваа личност, со оглед на тоа што е премногу импулсивна и лесно ветува, но тешко го исполнува ветеното. Чувствувате голема желба за една личност и се трудите да ја освоите.

♏

Шкорпија

Одлична комуникација со колегите, но и со соработниците. Денес можете да направите темел за исклучителен договор. Можности за финансиски прилив кој не сте го очекувале. Партнерот инсистира на ваше целосно внимание, но вие ќе можете да му посветите само неколку часа во текот на денот.

♐

Стрелец

Имате поддршка од надредениот за еден деловен проект или некоја промена што сакате да ја воведете. Ако сметате дека заслужувате покачување, би можеле да поразговарате и во таа насока. Ден одличен за нови познанства, но и за флертување со луѓето кои се во ваша близина.

♑

Јарец

Денес сите работи што ќе ги покренете ви одат од рака и можете да бидете задоволни со своите резултати. Многу успешно решавате проблематична ситуација со колега. Доброто расположение ќе ве држи и со емотивниот партнер или со некој кој ви е интересен.

♒

Водолија

Очекувате важен разговор, многу сте возбудени, но сметате дека сте направиле сè што е до вас, за ова да помине на најдобар можен начин. Не грижете се, денес сè оди во ваша корист. Ден на нови познанства и нови лица. Некој ќе ви се допадне на прв поглед.

♓

Риби

Деловниот сегмент денес е поставен повеќе од добро и немате никакви причини да се сомневате во себе. Состанокот или договорот кој го очекувавте денес доаѓа на дневен ред. Интензивно се придвиживте кон една личност и правите сè за да ја освоите.
Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Стабилно и топло пред промена: Сончево време со високи дневни температури до 28 степени, дождови стигнуваат од петок

Вечера која враќа во детството: Традиционален рецепт за кремаста цицвара со само 8 лажици брашно и домашен кајмак