
Египетската одлука и европските организации на списокот
Според информациите објавени од египетската новинска агенција МЕНА, судската одлука опфаќа субјекти кои се внесени во египетските списоци на терористички организации и терористи за временски период од пет години. На списокот се најдоа и познати европски исламски организации, како што се Советот на муслиманите во Европа, Исламската асоцијација во Велика Британија, Лигата на муслиманите во Швајцарија, Исламската заедница во Германија, како и Европскиот совет за фетви и истражувања.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Меѓу нив фигурира и субјект од Македонија под арапското име „Таджаму ал-Шабаб ал-Ислами“ (تجمع الشباب الإسلامي), што во превод значи „Исламско младинско здружение“.
Прашања околу идентитетот и недостаток на конкретни докази
Засега нема доволно јавно достапни податоци за прецизното правно име и официјалната регистрација на македонската организација. Иако во Централниот регистар постои здружение под името „Исламски младински форум – Скопје“, чиешто значење се совпаѓа со наведеното арапско име, сè уште нема официјална потврда дека станува збор за истиот субјект.
Во досега објавените извештаи не се презентирани конкретни докази или посебно образложение за наводната поврзаност на македонскиот субјект со терористички активности, што отвора бројни прашања за неговиот идентитет и меѓународни дејствувања.
„Одлука на Кривичниот суд во Каиро, објавена на 10 ноември во египетскиот службен весник, опфаќа 35 организации и 36 лица од повеќе европски држави, кои се внесени во египетските списоци на терористички организации и терористи за период од пет години…“

