
Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски официјално обелодени нова голема странска инвестиција која доаѓа во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Тетово. Станува збор за реномираната компанија „Џаво Отмотив“ (Jawo Automotive), глобално докажан производител во автомобилската индустрија со повеќе од 40 години интернационално искуство. Овој крупен економски чекор предвидува вкупна инвестиција од околу 20 милиони евра и отворање на дури 412 нови директни работни места за жителите од тетовскиот и поширокиот полошки регион.
Извоз од 45 милиони евра годишно и производство за светски автомобилски брендови
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден
Со стартот на производните капацитети во Тетово, Македонија дополнително ќе ја зацврсти својата позиција како клучен регионален центар за автоделови. Фабриката ќе произведува софистицирани автомобилски компоненти наменети за некои од најпознатите светски автомобилски брендови, а пласманот ќе биде целосно извозно ориентиран. Според официјалните деловни проекции, извозот на компанијата во полн оперативен капацитет се очекува да достигне рекордни 45 милиони евра на годишно ниво, што значително ќе го подобри трговскиот биланс на државата.
Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи порача:
„Ова е уште една силна потврда дека довербата во македонската економија незапирливо расте, дека сериозните странски инвеститори ја препознаваат политичката и економската стабилност и дека државата повторно станува атрактивна и конкурентна дестинација за нови вложувања. Ние не ветуваме фабрики – ние отвораме фабрики. Не ветуваме работни места – создаваме работни места. Не зборуваме за развој – го реализираме во пракса!“
Оваа инвестиција во ТИРЗ Тетово се смета за извонредно важна за децентрализацијата на економскиот развој во земјава, со оглед на тоа што носи технолошки напредни позиции надвор од главниот град. Соработката со „Џаво Отмотив“ доаѓа како резултат на интензивните преговори на владиниот економски тим за привлекување капитални проекти кои носат долгорочна стабилност и сигурен економски напредок.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден








