во ,

Жештината не попушта: до 39 степени, попладне можен дожд

Жешкото време продолжува, а температурите денеска ќе се искачат до 39 степени. Попладне, сепак, во делови од земјава се можни краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Супер Попуст -25%

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се движат од 32 до 39 степени.

Попладне можна краткотрајна нестабилност

Во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност. На одредени места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Станува збор за локални појави, додека во поголемиот дел од денот ќе преовладува сончево и многу топло време.

Во Скопје температура до 38 степени

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.

Попладне и во главниот град ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сити тргнува по голема ѕвезда: Мареска го избра наследникот на Родри

Хороскоп за 8 август: Девиците ги чека флерт, Лавовите критика