
За многу години Свети Наум Чудотворец: Светителот кој и денес лекува, а неговото име значи „Утешител“
Православните верници денеска го слават Преподобен Наум Охридски Чудотворец, еден од најголемите светци во македонската и сесловенската историја. Свети Наум, најверниот сопатник на Свети Климент и ученик на светите браќа Кирил и Методиј, оставил неизбришлива трага како просветител, но и како исцелител чии мошти, според верувањата, и денес прават чуда.
Кој празнува именден денес?
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Името Наум има хебрејско потекло (Нахум) и носи силна симболика – значи „Утешител“. Се верува дека луѓето што го носат ова име имаат смирено лице, но силен дух. Денеска именден празнуваат:
- Наум, Наумче, Науме, Наумка
Манастирот како засолниште за болните
Додека Свети Климент дејствувал како епископ во Охрид, Свети Наум го изградил прочуениот манастир на јужниот брег на Охридското Езеро. Низ вековите, овој манастир станал извор на надеж и засолниште за болните и немоќните. Свети Наум е особено познат по исцелувањето на тешки болести и душевни растројства (во народот познато како лекување од „лудило“).
Светителот се упокоил во првата половина на 10-тиот век, но легендите велат дека тој сè уште е „жив“ преку своите чуда. Многу верници сведочат дека доколку го ставите увото на неговиот гроб, сè уште може да го слушнете чукањето на неговото срце.


