
Последно уживање на 32 степена
Времето денеска ќе биде променливо облачно, но со чести сончеви периоди. Претежно во северните и источните делови од земјава постојат услови за слаб, локален дожд. Утринските температури се движеа од 8 до 15 степени, додека дневниот максимум ќе достигне летни 32 степена, проследени со слаб до умерен југоисточен ветер.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден
Слично ќе биде и во Скопје, каде живата во термометарот ќе се искачи до 32-от поделок. Скопјани ги очекува променлива облачност со сончеви интервали, но и услови за слаб локален дожд во попладневните часови.
Потоп од недела, есен од вторник
Но, оваа релативно стабилна и топла слика нема да трае долго. Веќе од утре не очекува сериозна дестабилизација на временските прилики.
„Се очекуваат повремени врнежи и нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во понеделник, иако ќе бидат со нешто послаб интензитет“, најавуваат метеоролозите.
Вистинскиот есенски шок, сепак, пристигнува во вторник. Тогаш се очекува стабилизирање на времето, но и драстичен пад на температурите за неколку степени, предизвикан од силен продор на постуден воздух од север. Подгответе ги чадорите и потоплите јакни – есента и официјално ја презема контролата.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








