
Внимателно ако патувате утре: Дождот ќе премине во снег, се очекуваат 20 сантиметри снежна покривка
Метеоролозите го вклучија алармот за утрешниот ден (четврток, 8 јануари). По пролетното време за Бадник, следува вистински температурен шок. Славчо Попоски најавува дека поради продорот на ладен воздух од север, дождот ќе прејде во снег дури и во пониските места.
Најкритично во Западна Македонија
-
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден
Циклонската активност ќе донесе обилни врнежи. Додека денес (Божиќ) ќе биде дождливо и ветровито, утре сликата драстично се менува:
- Снежна покривка: На планините и повисоките места се очекуваат од 10 до 15 сантиметри, а локално и над 20 сантиметри нов снег.
- Градови: Снег ќе паѓа и во поголемиот дел од градовите, особено во западниот дел на земјата.
Апел до возачите: Ако планирате патување утре, задолжително носете зимска опрема и прилагодете ја брзината, бидејќи коловозите ќе бидат лизгави.


