
Познатата новинарка и уредничка Ивона Талевска, по 25 години успешна кариера на „Сител“, ја напушти телевизијата и се префрли на нов медиум. Таа соопшти дека наскоро ќе се појави на „ТВ Алфа“, каде што ќе продолжи да работи како уредник и водител.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден

„Од денес, по точно 25 години, не сум веќе дел од тимот на Сител. Наскоро се гледаме на ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и љубов кон својата публика,“ напиша Талевска на својот Фејсбук профил.

Според информациите, нејзината нова улога ќе биде уредник-водител на новата телевизија, каде што ќе продолжи да ги информира гледачите со својот препознатлив стил. Покрај нејзината новинарска кариера, Талевска е активна и како претседател на Македонската асоцијација на новинари (МАН).


