
Финансиски резултати и зголемени физички контроли
Според податоците од европскиот извештај, Царинската управа во текот на 2025 година остварила зголемување на приходите за 5,2 проценти, достигнувајќи износ од преку 2,1 милијарди евра. Во исто време, фокусот на контролирањето претрпе значајни промени — уделот на физичките проверки на стоката се зголеми од 5,5% во 2024 на 13,5% во 2025 година, додека проверките базирани само на документација бележат пад од 17,4 на 9,5 проценти.
-
Добро утро
699 ден
524.25 ден
Контролите се темелат на анализа на ризик и разузнавачки информации, при што е интегриран нов систем за управување со ризици и централизирана база на податоци. Дополнително, со поддршка од ЕУ фондовите се набавени нови возила за мобилните единици, заштитна опрема и современа инфраструктура.
Приоритети, дигитализација и значење за извозниците
И покрај констатираната добра подготвеност и учеството во пет меѓународни операции, Брисел нагласува дека дел од реформите остануваат незавршени. Комисијата побара побрзо носење на новиот Царински законик и подзаконски акти, како и зајакнување на борбата против царинските измами и шверцот со тутун.
Со оглед на тоа што 76 отсто од македонскиот извоз е насочен кон пазарот на Европската Унија, дигитализацијата на постапките и усогласувањето со европските стандарди се од клучно значење за поефикасна и попредвидлива трговија за компаниите.
„Царинската управа во 2025 година наплатила повеќе од 2,1 милијарди евра приходи, што е за 5,2 проценти повеќе во споредба со претходната година. Истовремено, физичките проверки на стоката станале повеќе од двојно почести…“


