во

Имате 13 години стаж? Платете за преостанатите 24 месеци и заминете во пензија!

Граѓаните кои стигнале до пензија, но им недостига работен стаж, наскоро ќе можат сами да си откупат до максимум 24 месеци. Со новиот владин предлог, секој што има барем 13 години стаж ќе може да го доплати остатокот и конечно да го оствари своето законско право.

Оваа мерка е наменета исклучиво за лицата кои повеќе не се активни осигуреници во системот. Условот е тие веќе да имаат остварено најмалку 13 години работен стаж и да ја имаат достигнато потребната возраст за пензионирање, односно 62 години за жени и 64 години за мажи. Со ова предложено решение, на оние на кои им недостигаат само неколку месеци или до две години стаж, им се дава шанса самите да ги уплатат потребните придонеси и да го остварат своето право.

Колку ќе ги чини граѓаните откупот на стажот?

Супер Попуст -25%

Висината на сумата што ќе треба да се плати за откуп на месеците нема да биде фиксна, туку ќе се пресметува според јасно утврдена основица. За таа намена ќе се зема предвид износ од 50 проценти од просечната плата остварена во претходната година. За лицата кои планираат да го искористат ова право во 2026 година, како главна основа за пресметка ќе се користи половина од просечната плата која била исплатена во текот на 2025 година.

„Максимумот е 24 месеци до 15 години, односно минимум треба да имаат 13 години стаж. Ќе можат да го откупат својот стаж, односно да платат за истиот.“

Пресметки: Околу 2.400 евра за максималните две години

Доколку се направи груба пресметка врз основа на просечната плата во 2025 година која изнесуваше нешто над 45.000 денари, придонесот за пензиско осигурување би тежел околу 12.800 денари месечно. Половина од оваа сума е приближно 6.400 денари, што значи дека еден месец откупен стаж ќе чини нешто повеќе од 100 евра. Тоа практично значи дека за една година дополнителен стаж граѓаните ќе треба да издвојат околу 1.200 евра, додека за максималните две години сумата би достигнала околу 2.400 евра. Ова законско решение во моментов сè уште е во владина процедура и се чека негово финално усвојување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМА ВО КУМАНОВО: Кратовец со нож нападнал и тешко го повреден полицаец, побаран притвор!

Иран се крева на нозе: Се формираат 1.000 доброволни баталјони за војна со Америка!