
Температури до 25 степени и северен ветер
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната утринска температура се спушти во интервал од 1 до 12 степени, додека максималната дневна ќе се движи од 18 до 25 степени Целзиусови. Низ земјава ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој повремено ќе засилува долж Повардарието.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Во Скопје се очекува слично време со мала до умерена локална облачност, но со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во главниот град изнесува 7 степени, додека максималната ќе достигне до пријатни 23 степени.
Циклонска активност носи обилни врнежи
Стабилното и сончево време нема да се задржи долго. Синоптичарите најавуваат значителна промена кон крајот на работната недела која ќе ги потсети граѓаните дека есента е во полн ек.
„Под влијание на циклонска активност, во петок попладне и во текот на ноќта кон сабота ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, со над 30 литри на квадратен метар.“
По овој влажен бран кој ќе го зафати почетокот на викендот, од УХМР најавуваат враќање на стабилното време. Сепак, граѓаните треба да се подготват за уште пониски утрински температури во периодот што следува.


