во

ИСТОРИСКИ УСПЕХ: Македонските информатичари освоија сребро и две бронзи на Олимпијадата во Узбекистан!

Македонија повторно има огромна причина за гордост! Нашите млади таленти постигнаа извонреден успех на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Ташкент, Узбекистан, освојувајќи еден сребрен и два бронзени медали во исклучително силна меѓународна конкуренција.

Македонскиот тим на најпрестижното светско натпреварување по алгоритамско програмирање го сочинуваа Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар. Тие беа предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Дамјан Давков испиша историја

Супер Попуст -25%

Посебно значење има успехот на штипјанецот Дамјан Давков, ученик во Математичко-информатичката гимназија. Во Ташкент тој го освои својот трет последователен сребрен медал на оваа олимпијада. Со вкупно четири одличја од четири учества (три сребра и една бронза), Давков се издвојува како најуспешниот македонски натпреварувач во историјата на ИОИ.

Брилијантен настап имаа и дебитантите Владимир Грчев и Никола Стојковски, кои уште при своето прво учество успеаја да се закитат со бронзени медали, додека Виктор Максимоски доби олимписка пофалба. Овој резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација врвни млади информатичари.

„Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници. Овој биланс е исклучително значаен за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот и квалитетот на нашата посветеност во развојот на младите таленти,“ изјави проф. д-р Миле Јованов.

Најмасовна олимпијада досега

Овогодинешното издание во Узбекистан ќе остане запаметено како најмасовната олимпијада во историјата, со учество на дури 375 натпреварувачи од 92 земји од целиот свет. Натпреварот ги проверува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и програмирање во исцрпувачки дводневен маратон.

Изборот на македонскиот тим беше организиран преку целогодишен циклус на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), со поддршка од ФИНКИ и општествено одговорни компании. Следен предизвик за македонските ученици е Балканската олимпијада по информатика која кон средината на септември ќе се одржи во Тирана, Албанија.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА: Целосен прекин на сообраќајот на патот Струмица – Ново Село!

КОЈ КОГО ТЕПАЛ ВО ДРАЧЕВО: Сопругата пријавила физички напад, половина час подоцна сопругот пријавил дека тој е жртвата!