
„Тендери за камуфлажа“: ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ преку нови набавки го криел грабежот на 2.000 тони државно жито
ВМРО-ДПМНЕ излезе со тешки обвинувања кон опозициската СДСМ, тврдејќи дека поранешната власт е одговорна за исчезнување на 800.000 евра и отпис на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви. Според партијата, во екот на криза, наместо да се чуваат, државните резерви биле празнети и препродавани на црните пазари во соседните држави по двојни или тројни цени, за што, како што велат, постојат записници и заклучоци потпишани од владата на Заев, Филипче и Николовски.
Шема за прикривање: Распишале тендери за 20.000 тони за да го покријат кусокот
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Владејачката партија тврди дека открила механизам за прикривање на овој наводен криминал. Според нив, за да се „камуфлира“ недостатокот од отпишаните 2.000 тони, тогашната влада експресно распишала два нови тендери за набавка на дури 20.000 тони јачмен и пченица. ВМРО-ДПМНЕ прашува каде завршиле парите на граѓаните и бара одговорност од СДСМ, повикувајќи ја партијата да се огради од, како што велат, „криминалниот октопод“ во своите редови кој профитирал врз грбот на народот.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден








