
Грчкиот „Ескобар“, познат како Алекос „Дебелиот“ (Алекос Ангелопулос), е уапсен во Катерини како мозок на најголемата мрежа за трговија со кокаин во историјата на Грција, по заплената на рибарски брод со 7 тони дрога.
Според грчките медиуми, неговата животна приказна е достојна за филмско сценарио. Син на полицаец од Неои Пори, тој кариерата ја почнал како морнар шверцувајќи цигари, за подоцна да стане главен играч во трансатлантскиот шверц на кокаин од Латинска Америка и извоз на оружје за Никарагва.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Алекос е стар познаник на полицијата и американската ДЕА. Уште во 2004 година бил осуден за шверц на 5,4 тони кокаин со бродот „Африка I“, но и за иновативно перење пари преку добитни тикети од државната лотарија (ОПАП), каде месечниот обрт во неговата обложувалница достигнувал 12,5 милиони евра. Иако претходно бил осуден на доживотен затвор, па пуштен, сега повторно е приведен заедно со уште петмина соработници.
-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








