во

Крмов во Брисел: Неправдата и изборната цензура врз Левица ќе влезат во официјалните извештаи на ЕУ

Третманот кон политичката партија Левица и сериозните проблеми со македонското изборно законодавство ќе бидат нотирани во претстојните извештаи на Европскиот парламент, беше најавено по средбата на пратеникот Борислав Крмов со европските претставници.

Квантитетот не значи квалитет во реформите

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, оствари средба со делегација од Европскиот парламент во рамките на 25-тиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ. На средбата фокусот беше ставен на реформската агенда на Владата, при што Крмов истакна дека огромниот број нови законски решенија не може да послужи како замена за нивниот демократски и правен квалитет.

Супер Попуст -25%

Како директни примери за слабостите при креирањето на законите, тој ги наведе Законот за Судскиот совет, кој и по усвојувањето мораше да претрпи корекции и беше вратен, како и контроверзниот Закон за рестриктивни мерки, нагласувајќи дека зад формалната реформска динамика се кријат системски дефекти.

Изборниот законик и цензурата врз кандидатите

Како централна тема на состанокот се наметна прашањето за измените на Изборниот законик. Според Крмов, неопходните законски измени годинава не беа усвоени поради, како што наведе, уцените од страна на ДПМНЕ во последен момент да биде опфатена и дијаспората.

„Последиците од ваквиот законик се апсурдни. Левица, како парламентарна партија со шест пратеници, беше целосно исклучена од распределбата на платено политичко рекламирање (ППР). За време на вториот круг од изборите за градоначалник на Скопје, кандидатот на ДПМНЕ имаше целосна медиумска застапеност, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, остана без ниту една реклама“, образложи Крмов.

Ваквите факти предизвикале сериозно вчудоневидување кај претставниците на Европскиот парламент. Тие порачаа дека таквата изборна нерамноправност е незамислива за демократски стандарди во рамките на Унијата и потврдија дека целиот случај со дискриминацијата на партијата детално ќе биде нотиран во нивните официјални извештаи.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВМРО-ДПМНЕ со иронична порака: За нас нема подобро решение од Филипче на чело на СДС

Жестока реакција од Бихаќка: СДСМ тврди дека „ЗНАМ 2.0“ служи само како дефокус за криминалите на Мицкоски