
Улица како минско поле во Горно Лисиче
Според реакцијата на Левица, улицата „Божидар Рајковиќ“ веќе цела година стои раскопана и полна со кратери кои наликуваат на мински полиња. Ваквата негрижа предизвикува секојдневни штети на возилата на локалните жители, кои постојано алармираат и прашуваат кој е „стручњакот“ што ги изведува градежните работи и дали воопшто постои надзор.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Од партијата информираат дека проблемот веќе го покренале и пред Советот на Општина Аеродром, барајќи градежните активности да завршат во најскор можен рок за да се нормализира секојдневието на граѓаните.
Општина без механизација, зависна од тендери
Проблемот со оваа улица, според Левица, е само симптом на поголема нефункционалност на локалната самоуправа. Тие обвинуваат дека Општина Аеродром нема сопствени капацитети, луѓе ниту механизација за да изврши дури и најмали инфраструктурни поправки, поради што за секој зафат мора да се чекаат тендерски постапки.
Дополнителен проблем е неажурноста на општинскиот инспекторат, кој, како што велат од партијата, дозволува хаос на терен без соодветни санкции за изведувачите.
„Вакви ситуации не само сега, туку и во иднина ќе ги револтираат жителите, кои уредно си плаќаат даноци, а не добиваат услуги. Општинскиот инспекторат дозволува кој што сака да си прави на терен“, порачуваат од Левица Аеродром.


