во ,

Македонија рече „Не“ за бугарскиот мазут: Имаме доволно резерви, состојбата е стабилна

„Не, благодарам“ за бугарскиот мазут: Македонија ја одби понудата и понуди контра-помош

Само еден ден по прогласувањето на кризна состојба поради недостиг на мазут, македонската Влада ја одби понудата за помош од соседна Бугарија. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во телефонски разговор со својот бугарски колега Георг Георгиев, се заблагодарил за понудата да се испрати мазут, но истакнал дека во моментов „нема потреба од дополнителна поддршка бидејќи состојбата е стабилна“.

Муцунски до Софија: „Ако ви треба помош вам, ние ви стоиме на располагање“

Супер Попуст -25%

Во неочекуван дипломатски потег, Муцунски не само што ја одбил помошта, туку истакнал дека доколку Република Бугарија има потреба од слична поддршка, Македонија целосно стои на располагање. Од Владата за ТВ24 појаснија дека државата располага со сопствени резерви и капацитети за производство на електрична енергија, смирувајќи ја јавноста и покрај прогласената кризна состојба.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски со емотивен повик до иселениците: „Вратете се дома, каменот најмногу тежи на своето место“

Владата набавува 100 нови амбулантни возила вредни 7,5 милиони евра