
Голема инвестиција во здравството: 100 нови амбулантни возила за побрза Итна помош
Владата донесе одлука за набавка на 100 нови амбулантни возила, инвестиција вредна 7,5 милиони евра. Целта на овој проект е целосна модернизација на возниот парк на Итната медицинска помош, со што ќе се овозможи значително подобрување на здравствените услуги и побрз транспорт на пациентите низ целата држава.
Алиу: „Ова ќе значи спас за многу животи во критичните моменти“
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека новите возила се клучни за скратување на времето на чекање, како во градските, така и во руралните средини. „Ова ќе значи побрза и поефикасна интервенција во итни случаи, во моменти кога секоја секунда е важна“, порача Алиу, најавувајќи подобра покриеност и модернизација на флотата.


