
Европа на нозе: Жестока реакција од ЕУ откако САД му одбија виза на Тиери Бретон
Дипломатските односи меѓу САД и ЕУ влегуваат во криза откако Вашингтон официјално им одби визи на поранешниот еврокомесар Тиери Бретон и на неколку истакнати експерти за интернет безбедност. Стејт департментот го оправда потегот со обвинувања дека овие лица вршеле притисок за цензура врз американските социјални платформи. Покрај Бретон, на „црната листа“ се најдоа и челници на организациите за борба против дигитална омраза, како Имран Ахмед и Клер Мелфорд.
Лидерите на ЕУ обединети во осудата
-
La Linea v23
699 ден
524.25 ден
Врвот на европската политика реагираше молскавично. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, Емануел Макрон и британската влада ја оценија одлуката како неприфатлива. Естонската премиерка Каја Калас преку платформата „Икс“ порача дека Европа нема да се повлече и ќе продолжи да го регулира својот дигитален простор, бранејќи ги своите вредности и слободата на изразување наспроти американските санкции.


