
Зеленски со емотивна порака за Божиќ: „Се бориме и се молиме за мир, бидејќи го заслужуваме“
Во своето традиционално божиќно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати порака на надеж и пркос до својот народ. Иако ова е четврта година по ред како Украина го дочекува Христовото раѓање во услови на војна, тој нагласи дека граѓаните остануваат обединети. „Бадниковата вечер е симбол на заедништво, иако војната се обидува да ни го одземе чувството на мир и дом“, порача Зеленски, потсетувајќи дека денес се бранат токму тие свети вредности.
Празник под сирени: Не сите имаат дом вечерва
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Осврнувајќи се на жестоките руски напади со дронови и ракети кои не престанаа ниту во пресрет на празникот, претседателот со тага констатираше дека многумина вечерва не се дома, а некои веќе и немаат дом. Тој упати молитва за војниците на фронтот, за заробените и за сите протерани, завршувајќи со традиционалниот поздрав: „Христос се роди! Да го славиме!“.


