
„Не, благодарам“ за бугарскиот мазут: Македонија ја одби понудата и понуди контра-помош
Само еден ден по прогласувањето на кризна состојба поради недостиг на мазут, македонската Влада ја одби понудата за помош од соседна Бугарија. Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во телефонски разговор со својот бугарски колега Георг Георгиев, се заблагодарил за понудата да се испрати мазут, но истакнал дека во моментов „нема потреба од дополнителна поддршка бидејќи состојбата е стабилна“.
Муцунски до Софија: „Ако ви треба помош вам, ние ви стоиме на располагање“
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Во неочекуван дипломатски потег, Муцунски не само што ја одбил помошта, туку истакнал дека доколку Република Бугарија има потреба од слична поддршка, Македонија целосно стои на располагање. Од Владата за ТВ24 појаснија дека државата располага со сопствени резерви и капацитети за производство на електрична енергија, смирувајќи ја јавноста и покрај прогласената кризна состојба.


